ПРОСТОР ЗА ОДМОР


Учесниците можат да си постават своја станица/место за одмор на тревата од двете страни на патеката, помеѓу мерната станица и тоалетите; достапен е голем простор.
При тоа треба да си донесат своја маса, стол, тенда и сл. Може да се постави тенда којашто треба да биде отворена од страните или барем една страна да биде целосно отворена. Не се дозволени шатори за кампување или друг тип на шатори дизајнирани да бидат целосно затворени, дури и ако се остават отворени – не е дозволено кампување во паркот.
За одмор може да се користи и сопствено возило, и истото може да се паркира покрај рампата во близина што се наоѓа на 5 минути од старт/цел зоната.