Политика на приватност


Кои сме?

Нашата веб-адреса е: https://srichinmoyraces.mk
Во останатиот дел од текстот – „Шри Чинмој трки“.

Нашата политика на приватност го уредува видот на лични податоци кои „Шри Чинмој трки“ ги собира и начинот на нивно користење. Доколку не се согласувате со правилата кои се дел од нашата политика на приватност, Ве молиме да не ја користите нашата веб-страница.

Колачиња

Шри Чинмој трки“ има право да користи колачиња за да ги прилагоди услугите и да обезбеди автоматско прикажување или криење на различни елементи од веб-страницата во согласност со желбите и подесувањата на корисникот.

Податоците преземени преку колачињата не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќање на колачињата не е неопходно за работа на веб-страницата, а доколку сакате, можете да ги избришете или блокирате колачињата преку Вашиот интернет пребарувач.

Собирање на информации

Со регистрација на Вашата е-адреса за новости, се согласувате повремено да добивате новости од „Шри Чинмој трки“.

Личните податоци, доброволно внесени од нашите посетители преку контакт формата: име, презиме, телефонски број и e-адреса, се собираат и употребуваат со наведената цел на „Шри Чинмој трки“.
Личните податоци, доброволно внесени преку формата за регистрација за настаните организирани од Шри Чинмој маратон тим: име, презиме, пол, дата на раѓање, земја, спортски клуб, адреса, телефонски број и е-адреса, се собираат и употребуваат со наведената цел на „Шри Чинмој трки“.

Податоците кои се собираат и чуваат, не се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна.

Врската со нашата веб-страница е заштитена со дигитален SSL сертификат издаден од Sectigo RSA Domain Validation Secure Server CA.

Прифаќање

Со Вашето користење на веб-страницата, се сметаат за прифатени нашите фер практики околу приватноста и личните информации. „Шри Чинмој трки“ има право да ја ажурира политиката на приватност во кое било време. Кога тоа е направено, се променува и датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува политиката на приватност и дека е свесен за промените.

Нашата веб-страница може да се поврзе со надворешни страници кои не се управувани од нас. Ве молиме да имате во предвид дека немаме контрола врз содржината и практиките на тие веб-страници, и не можеме да прифатиме одговорност за нивните политики на приватност.

За какви било дополнителни информации во врска со политиката на приватност, Ве молиме да нè контактирате преку формата за контакт на веб-страницата или на е-адресата info@srichinmoyraces.mk

Какви права имате на Вашите податоци?

Можете да побарате да добиете изнесена датотека на лични податоци што ги чуваме за Вас, вклучувајќи ги сите податоци што Сте ни ги доставиле преку формата за контакт и формата за регистрација за новости. Можете исто така да побарате да ги избришеме личните податоци што ги чуваме за Вас.

1.1.2024