Основана од Шри Чинмој во 1987-мата година, „Шри Чинмој трката на мирот на единство-домот“ („Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run“) беше прва активност за спорт и развој, и е најдолгата и најголемата штафетна трка за мир во човештвото.
Секоја година вклучува милиони мажи, жени и деца од преку 80 нации во глобална факел-штафета. Помеѓу учесниците и патроните на оваа трка се вбројуваат: папата Јован Павле II, Мајка Тереза, претседателот Михаил Горбачов, претседателот Нелсон Мандела, Карл Луис, Мухамед Али и многу други лидери и славни личности. Историските штафети ги вклучуваат и првите современи иницијативи за поврзување на Израел со Египет и Израел со Сирија.
КОМЕНТАРИ ЗА „ШРИ ЧИНМОЈ ТРКАТА НА МИРОТ НА ЕДИНСТВО-ДОМОТ“
„Ги поздравувам тркачите на ’Трката на мирот‘ што го носат факелот до дестинацијата на мир низ улиците на светот.“ – папата Јован Павле II
„Среќен сум што можам да ја поддржам Вашата ’Трка на мирот‘ за правда, мир и помирување. Светот мора да знае дека Бог сака да живееме спогодбено како браќа и сестри, членови на едно семејство, човечкото семејство, Божјото семејство.“ – архиепископот Дезмонд Туту
„’Трката на мирот‘ ја симболизира надежта за мир во светот што сите ние ја негуваме. Ги потсети Канаѓаните на потребата на сите нации да коегзистираат во мир и на важноста на хармонијата во светот за нашата планета.“ – премиерот Брајан Мулрони, Канада
„Вие придонесувате да се изградат мостови помеѓу луѓето и нациите. Вашите придонеси и соработка во постигнувањето на тоа што Повелбата на Обединетите нации го бара од нас да го направиме, се најнеопходни и најдобредојдени во нашите турбулентни времиња на светска состојба на мир.“ – Владимир Петровски, генерален директор на ОН, Женева
„Носачите на факелот се сите тркачи од ’Шри Чинмој маратон тим‘. Преку 30 години Шри Чинмој е амбасадор за мир преку неговата работа како автор, композитор, музичар, уметник и спортист. Тој ја започна глобалната ’Трка на мирот‘ во 1987-мата година, која се одржува на секои две години.“ – Би-Би-Си (BBC) спикер, пред кралицата Елизабета да го запали првиот факел