Трка на себенадминување на 2 милји

Седмичната „Трка на себенадминување на 2 милји“ (3,2 км) е посебно искуство и задоволство што секој рекреативец или професионален атлетичар треба да го доживее. Трката ја организира „Шри Чинмој маратон тим“ повеќе од 20 години. Самата специфичност на трката бара спој на брзина и издржливост, особини што се важни не само во спортот, туку и во нашето секојдневие.

  • Трката се одржува секоја сабота, со почеток во 8:00 часот, во Градски парк, Скопје. Стартот е кај езерцето, на тартан патеката. Патеката е кружна, со должина од 1 km.
  • Трката е од отворен карактер и може секој да учествува.
  • Учеството е бесплатно.