24-ти Шри Чинмој маратон на себенадминување 2023
Традиционалниот 24-ти Шри Чинмој маратон на себенадминување ќе се одржи на 9.4.2023 (недела) со почеток на маратонот во 8:30 часот и почеток на полумаратонот во 9:30 часот, со старт на трката во Градски парк, Скопје – во близина на Луна парк (локација).
Организатор на настанот е Шри Чинмој маратон тим – Скопје.
Трки
Маратон – 42 195 м
Полумаратон – 21 097 м
Опис на патеката и настанот
Стартот на трката е во Градски парк, Скопје – во близина на Луна парк.
Патеката е кружна со должина од 1.731 км и се трчаат 12 круга (полумаратон) и 24 круга (маратон).
Мерењето на времето се врши електронски, со чипови.
Патеката е официјално потврдена, со што се обезбедени услови за официјално признавање на постигнатите резултати.
Победници се прогласуваат во апсолутна категорија, како и во категории по возраст, за прво, второ и трето место.
На сите учесници кои ќе го завршат маратонот или полумаратонот се доделува медал и диплома, а на победниците (прво, второ и трето место) се доделува пехар, медал и диплома.
Резултати и фотографии од настанот ќе бидат објавени веднаш по одржувањето на настанот, на веб-страницата на организаторот, www.srichinmoyraces.mk
Освежување
За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето на трката добиваат пакет со оброк.
Стартни пакети
Стартните пакети се подигнуваат во продавницата за спортска опрема „Аутдор“ („Outdoor“), лоцирана на ул. „Никола Тесла“ бр. 9а/1, Карпош, во следните термини:
петок, 7.4.2023, од 10:00 до 18:00 часот
сабота, 8.4.2023, од 10:00 до 16:00 часот
Временско ограничување
Временското ограничување на маратонот e 5 часа.
Котизација
Пријавувањето трае до 31.3.2023 (петок), 23:59 часот.
Регистрацијата се одвива преку www.smartrace.club
Котизацијата за двете трки изнесува 850 денари.
_________
Контакт: srichinmoyraces.mk@protonmail.com
„Одлучноста во твоите херојски подвизи
ќе проникне во твоето срце и ум,
долго откако твојот успех или неуспех
ќе биде одамна заборавен.“
– Шри Чинмој