Делот од паркот во којшто се одвива трката е осветлен во вечерните часови, а како дополнителна безбедносна мерка во периодот од зајдисонце до изгрејсонце (20:00-5:00 часот) се препорачува носење на некаков вид на осветлување на главата или на друг дел од телото поради намалена видливост, којшто учесниците сами треба да си го обезбедат.
Во пределот на старт/цел зоната ќе биде присутен персонал и во текот на ноќта.
Велосипедист непрекинато ќе ја обиколува патеката од зајдисонце (20:00 часот) до изгрејсонце (05:00 часот).
Полициската станица е известена за одржувањето на овој настан.
Според Меѓународната асоцијација на ултратркачи (IAU), која ги следи правилата на Светската атлетика (World Athletics), дозволени се сите комерцијално достапни обувки со дебелина/висина на ѓон не поголема од 40 мм и максимум една карбонска плоча (https://iau-ultramarathon.org/shoes-regulation-applicable-to-ultradistance.html).
Шри Чинмој 24-12-6 часовната трка има бронзена ознака од Меѓународната асоцијација на ултратркачи (IAU Bronze Label) и според тоа на трката се почитуваат правилата на Меѓународната асоцијација на ултратркачи и Светската атлетика.