На сите учесници кои ќе ги завршат трките се доделува медал, а на победниците (прво, второ и трето место) се доделува пехар, медал и диплома.
Победници се прогласуваат во следните категории:
Маратон
Апсолутна категорија (мажи и жени)
Возрасни категории: 50–59 години, 60–69 години, 70+ години (мажи и жени)
Полумаратон
Апсолутна категорија (мажи и жени)
Возрасни категории: 50–59 години, 60–69 години, 70+ години (мажи и жени)
Штафетен полумаратон
Апсолутна категорија (мешани штафетни тимови)
10K
Апсолутна категорија (мажи и жени)
Резултати и фотографии од настанот ќе бидат објавени веднаш по одржувањето на настанот, на веб-страницата на организаторот www.srichinmoyraces.mk