Стартниот пакет вклучува:
- стартен број
- маица (dri-fit маица со логото на настанот за учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот полумаратон кои ќе се пријават до 2.3.2026 година)
- медал за завршена трка
- дигитална диплома за сите учесници и хартиена диплома за победниците
- пехари за победниците (прво, второ и трето место)
- дигитални фотографии
- освежување во текот на трката
- складирање на лични работи за време на трката
- подготовка и обезбедување на патеката
- мерење на време
- тоалети достапни на старт/цел зоната
- медицинска помош
Стартните пакети се подигнуваат на локација фонтана „Лотосов цвет“ во Градски парк – Скопје, во следните термини:
13.3.2026 година (петок) од 13:00 до 17:00 часот
14.3.2026 година (сабота) од 13:00 до 17:00 часот
Доколку не постои можност за лично подигнување на стартниот пакет од страна на учесникот, истото може да го направи и трето лице во име на учесникот при што потребно е да се приложи копија од е-поштата за потврда на регистрацијата.