Маратон · Полумаратон · 10К (15.3.2026)


27-ми Шри Чинмој маратон (15.3.2026)

27-миот Шри Чинмој маратон ќе се одржи на 15.3.2026 година (недела) со почеток на маратонот и полумаратонот во 8:00 часот, со старт на трката во Градски парк – Скопје, во близина на Луна парк (локација).
Организатор на настанот е АК Шри Чинмој.

Трки

🏃 Маратон – 42 195 m
🏃 Полумаратон – 21 097 m
🏃 10К – 10 000 m

Старт

🗓️ 15 март (недела)
🕗 8:00 – маратон
🕗 8:00 – полумаратон
🕗 9:00 – 10К

Опис на патеката и настанот

📍 Стартот на трката е во Градски парк – Скопје, во близина на Луна парк.
Патеката е кружна со должина од 1 739 m и се трчаат 24 кругови (маратон), 12 кругови (полумаратон) и 6 кругови (10К).

Мерењето на времето се врши електронски, со чипови.
Патеката е официјално сертифицирана, со што се обезбедени услови за официјално признавање на постигнатите резултати.

Прогласување на победници

🏅 На сите финишери им се доделува медал, а на победниците (прво, второ и трето место) се доделува пехар, медал и диплома.

🏆 Победници се прогласуваат во следните категории:

Маратон
Апсолутна категорија (мажи и жени)
Возрасни категории: 50–59 години, 60–69 години, 70+ години (мажи и жени)

Полумаратон
Апсолутна категорија (мажи и жени)
Возрасни категории: 50–59 години, 60–69 години, 70+ години (мажи и жени)

10К
Апсолутна категорија (мажи и жени)

Резултати и фотографии од настанот ќе бидат објавени веднаш по одржувањето на настанот, на веб-страницата на организаторот: www.srichinmoyraces.mk

Стартни пакети

Стартниот пакет вклучува:

  • стартен број со чип за мерење на време
  • маица (dri-fit маица со логото на настанот за учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот полумаратон кои ќе се пријават до 2.3.2026 година)
  • медал за завршена трка
  • дигитална диплома за сите учесници и хартиена диплома за победниците
  • пехари за победниците (прво, второ и трето место)
  • дигитални фотографии
  • освежување во текот на трката
  • складирање на лични работи за време на трката
  • подготовка и обезбедување на патеката
  • мерење на време
  • тоалети достапни на старт/цел зоната
  • медицинска помош

📦 Стартните пакети се подигнуваат на локација фонтана „Лотосов цвет” во Градски парк – Скопје, во следните термини:

13.3.2026 година (петок) од 13:00 до 17:00 часот
14.3.2026 година (сабота) од 13:00 до 17:00 часот

Освежување

🍌 За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови, овошје, чипс и сл.

Временско ограничување

🛑 Временското ограничување на маратонот e 6 часа.
🛑 Временското ограничување на полумаратонот e 5 часа.
🛑 Временското ограничување на трката на 10 км e 3 часа.

Контакт

📨 srichinmoyraces.mk@gmail.com
📞 076266803
🌐 https://srichinmoyraces.mk


„Одлучноста во твојот херојски подвиг
ќе проникне во твојот ум и срце
дури и откако твојот успех или неуспех
ќе биде долго време заборавен.“

– Шри Чинмој

mk_MKМакедонски јазик